Боја која ќе ја одбележи 2020 година: Кралска нијанса која внесува сигурност во животот

Сподели со своите пријатели

Институтот за бои „Pantone“ откри дека 2020 година ќе биде во знакот на класично сината боја.

Loading...

Станува збор за безвременска нијана (Classic Blue 19-4052) која е елегантна во својата едноставност.

Наликува на бојата на небото при самрак, и има убедлив квалитет и навестување за сигурност.

https://www.instagram.com/p/B5q6iiog1Bv/?utm_source=ig_embed

Ја поттикнува желбата за сигурна основа врз која се градат сите здрави врски.

„Тоа е боја на очекување“, додаде Лори Пресмен, потпретседател на Институтот за бои.

Во согласност со своето име, оваа боја може да биде кралска, воздржана, но и екстремна, особено кога е претставена со различни обрасци, материјали и тонови.

Институтот за боја „Пантон“во декември ги објавува своите предвидувања за следната година, врз основа на анализа на тековните модни трендови, технологии и услови.

https://www.instagram.com/p/B5tMlVspPav/?utm_source=ig_embed

Според нив, 2019 година беше обележана со корална боја (Living Coral 16-1546), 2018 година беше обоена во ултравиолетова боја (Ultra Violet 18-3838), додека во 2017 година беше истакната во зелена боја (Greenery 15-0343).

Loading...

Leave a Reply