Богатството од гробницата на Тутанкамон на изложба во Париз

Сподели со своите пријатели

Оргинални предмети од гробницата на Тутанкамон ќе бидат изложени во Париз на изложба која се приредува по повод стогодишнината од откривањето на најпознатото богатство на фараонот.

Loading...

Одредени предмети се враќаат во Париз по повеќе од 50 години, откако слична изложба привлече 1.240.000 посетители, што е рекорд во француската престолнина, пренесува АП.

Организаторите велат дека повеќе од третина од артефактите го напуштиле Египет, прв и последен пат пред одење во новиот музеј, кој се гради во близина на пирамидите во Гиза во Египет.

Изложбата „Тутанкамон, богатството на златниот фараон“ може да се посети во париската „Гранд Хал де ла Вилет“ од 23 март до 15 септември.

Тоа е втора станица на меѓународната турнеја која опфаќа повеќе од десет градови.

Leave a Reply