Богатството на последната хавајска принцеза нема да отиде во рацете на нејзината сопруга (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Хавајската принцеза Абигејл Кавананакоа не е ментално способна да управува со своето богатство вредно 215 милиони долари, пресудил судијата во последниот дел од развојот на сагата за остарената припадничка на кралското семејство и наводното злоставување.

Многумина жители на Хаваи ја сметаат Кавананакоу за принцеза затоа што е потомок на кралското семејство кое владеело со островите пред симнување од власта во 1893 година. Таа исто така е правнука на сопственикот на плантажата а шеќери Џејмс Кемпбел, бизнисмен кој бил еден од најголемите земјопоседници на Хаваите и од кого таа го наследила своето богатство.

„Последната хавајска принцеза“, како што ја нарекуваат, водела луксузен живот уживајќи во приватноста, донирајќи пари и одгледувајќи коњи, но била јавна тајна дека таа во тишината ги плаќала туѓите сметки, пишува Гардијан.

https://www.instagram.com/p/BYrohUThNY1/?utm_source=ig_embed

Loading...

Со години плаќала струја во палатата Иолани во Хонолулу (кралска резиденција која е претворена во музеј), како и сметки на граѓани кои и се обратиле со финансиски проблеми.

Меѓутоа, се се променило кога Кавананакоа (92) минатата година доживеала мозочен удар.

Нејзиниот долгогодишен адвокат Џим Рајт тогаш рекол дека таа повеќе не може да учествува во раководењето со својот имот, по што принцезата го избркала, изнајмила нов адвокат и се омажила за Вероника Ворт, својата партнерка во последните 20 години. Судијата во понеделник се сложил дека принцезата може да го отстрани Рајт како доверител, но се спротивставил на барањето на Кавананакоа да ја именува својата сопруга на таа функција. Наместо Рајт, судијата местото го доверил на Првата хавајска банка.

– Мислам дека тоа е одлична одлука на судијата, рекла Лиликала Камеелеихива, член на одборот на фондот на принцезата.

https://www.instagram.com/p/BncwNVmgqmV/?utm_source=ig_embed

Рајт тврди дека ворт физички ја злоставувала Кавананакоа, а тоа тврдење го поддржале и нејзините работници од домаќинството. Тие рекле дека се отпуштени и дека им е кажано да се иселат откако на судски доделениот психијатар и судија им раскажале за наводното злоставување.

– Тоа е одмазда, рекол еден од работниците.

Ворт го негирала злоставувањето, наведувајќи дека модринките на принцезата биле од пад врз мебел. Но, одборот и членовите на зедницата и натаму се загрижени.

Leave a Reply