Богата руска наследничка платила другар да го ограби нејзиниот поранешен маж (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Богата руска наследничка го ангажирала својот другар да го ограби нејзиниот поранешен маж, преправајќи се дека е извршител, пренесува The Sun.

Мариника Смирнова, чие семејство ја основало компанијата која ја произведува познатата вотка Смирноф, обвинета е дека го ангажирала Робин Мурај (29), да се претстави како извршител и од нејзиниот маж да земе работи вредни околу 2.300 евра.

https://www.instagram.com/p/Bl6TQykgYXe/

Loading...

Му обезбедила и лажни документи, а тој влегол во домот на олигархот Сергеј Капчук, познат и како Сергеј Виндзор и го ограбил.

На судот било кажано дека од домот на олигархот се земени два компјутери, телевизор, часовник, принтер и аудиро рекордер.

https://www.instagram.com/p/Bl0t9-4guEC/?utm_source=ig_embed

Поранешните сопружници се суделе поради пари и Смирнова го добила спорот. На поранешниот маж му е наложено да плати судски трошоци, но бидејќи не го сторил тоа, таа го испратила Мурај во неговито дом со лажни документи.

– Обвинетите во овој случај смислиле план да земат пари од господинот Виндзор. Господин мурај заминал во неговиот дом со уште еден човек кого не успеавме да го пронајдеме и се преправал дека е судски извршител.

Тврдел дека е од Врховниот суд. Рекол „Дајте ни ги вашите работи“. Господин Виндзор бил сомнителен, затоа што не добил никаква потврда за предметите кои се земени и се заканиле дека ќе го депортираат доколку не го плати долгот за алиментација.

https://www.instagram.com/p/BkggEGRAyRn/?utm_source=ig_embed

Следниот ден, некој го повикал Виндзор од непознат број и барал да му каже кога на Мариника Смиронова ќе и бидат исплатени парите за алиментација. Тој број довел до Мареј, рекол обвинителот.

Марј во полиција негирал се и рекол дека дошол кај Виндзор за да купи телевизор. Наследничката исто така негирала се, а случајот продолжува.

Мариника Смирнова е руска манекенка, тв ѕвезда, актерка и бизнисменка. Родена е во Москва, Русија, а моментално живее во Лондон.

https://www.instagram.com/p/BiBa1-dnuUU/?utm_source=ig_embed

Нејзината мајка е Елена Колесникова, позната советска гимнастичарка, а таткото Евгениј Смирноф.

Leave a Reply