Вечерва со почеток во 21 часот, започнува суперфиналето на шоуто ”Икс Фактор” во кое за победата ќе се натпреваруваат шест кандидати меѓу кои и Боби Мојсовски од Македонија.
На суперфиналето специјален гостин е светската ѕвезда Џејмс Артур, а ќе настапи и хрватската пејачка Јелена Розга која според најавите подготвува провокативен настат на големата сцена на белградската Комбанк Арена.
Промоции на своите нови песни ќе имаат и членовите на жирито, а вечерта ќе ја отвори Жељко Јоксимовиќ со сингл од новиот албум по шест години.
– Се` уште не можам да верувам дека влегов во суперфиналето. Не го очекував тоа. Се вознемирувам од фактот дека 12.000 луѓе влегов во 6 најдобри, вели Боби Мојсовски.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.