Боби Мојсовски доби аплаузи од жирито по настапот на “Икс Фактор” (видео)

Сподели со своите пријатели

На вчерашното издание на”Икс Фактор”, македонскиот натпреварувач Боби Мојсовски, настапи со евровизиската песна ”Остани” на хрватскиот пејач Горан Каран, и така ги оправда сите сомнежи за тоа, дали треба да биде вратен во шоуто.

Loading...

Судејќи по реакциите, и на публиката, и на жирито, Мојсовски изгледа се` посигурен во својот пат кон врвот.

По настапот, Жељко Јоксимовиќ стоечки му аплаудираше на Боби, додека Александра Ковач смета дека публиката допрва ќе слушне што сè може тој.

Во оваа издание на шоуто ”Икс Фактор” испаднаа девојките од бендот „Анџелине“  на Тончи Хулиќ, а продукцијата одлучи да ја врати Даниела на голема радост на сите останати натпреварувачи, кои најмногу ја поддржуваа и бараа.

 

https://www.youtube.com/watch?v=t_s10zC8IYU


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *