Близнаци ја тероризираат Италија: Постојано ограбуваат, а судот не може да утврди вина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Италијанските судии мака мачат како да осудат сериски провалник откако никако не успеваат да установат кој го извршил делото – тој или неговиот еднојајчан близнак.

Loading...

Судот во Верона пред неколку дена го ослободил Едуард Труши (34) од обвиненија за тешка кражба, затоа што ниту со ДНК анализа не можело да се докаже дали на местото на злочинот бил тој или неговиот брат близнак Едмонд.

Неговиот адвокат Фабио порта вели дека тоа не бил прв пат.

Судот неговиот клиент го ослободил и во 2016 и во 2017 година затоа што не било можно со сигурност да се идентификува. Дури ниту со ДНК метода, рекол тој.

Браќата Труши, етнички Албанци, се еднојајчани близнаци кои исто се облекуваат и имаат исти тетоважи, носат толку слиечн гентски профил што е можно да се разликуваат само по отпечатоци од прстите.

Двајцата имаа дебело полициско досие и се поврзуваат со повеќе стотици кражби во Северна Италија.

Но, полицијата засега не успева да докаже ништо.

https://youtu.be/FGi7XgDqpwA

Leave a Reply