Блискиот исток без население до крајот на векот?

Сподели со своите пријатели

Регионот на Блискиот исток, кој на светот му обезбедува огромен дел од енергенсите, би можел да стане премногу жешко место за живеење поради емисијата на гасови од согорување на горивата, предупредуваат авторите на ново истражување за климатските случувања.

Loading...

Доколку човештвото не ја намали количината на јаглерод диоксид кој го испушта во воздухот, одредени региони ширум светот би можеле да станат неодржливи за човечкиот живот.

Џереми Пал од Универзитетот „Лојола“ и Елфатих А.Б. Елтахир од Технолошкиот иснтитут во манчестер објавиле истражува за климатскит епромени, за кои првин известуваше Њујорк тајмс, како ќе растат глобалните температури така ќе влијаат на животот во регионите, како што е Блискиот исток, во кои веќе сега е премногу жешко.

Нивниот заклучок е дека, доколку во наредните децении не се спроведат сериозни реформи и не се намали емисијата на јаглерод диоксид, Блискиот исток редовно ќе трпи екстремни жештини кои ќе го оневозможат човековиот живот.

Истражувањето е спроведено споредувајќи го вообичаениот модел на ослободување на јаглерод диоксид во текот на наредните осум децении со топлината која човековиот организам може да ја поднесе.

Прашањето било само кој модел за емисија на гасови да се кроисти – дали човештвото ќе се соземе и ќе започне да внимава или ќе продолжди да исфрла огромни количини јаглерод диоксид во атмосферата.

Затоа земале некои од сценаријата кои ООБ ги одредиле како стандардни модело наречени „ Representative Concentration Pathways“ или РЦП, кои претставуваам можен модел на човековото однесување, односно емитување на јаглерод диоксид во наредните 85 години.

За својата студија Елтахир и Пол коистеле две сценарија. Првиот наречен РЦП 4,5 кој предвидува дека човкот ќе вложи напори за намалување на емисијата на гасови за ефектот на стаклена градина. Второто сценарио, наречено 8,5 е модел кој предвидува дека луѓето нема да преземат ништо и дека ослободувањето ќе продолжи како и до сега.

Loading...

Исто така, одредиле и точно ниво на топлина и влажност која човекот може да ја преживее на дневна база. Одредиле дека горната граница за животот на луѓето во некои подрачја би биле шест часа со температура над 35 степени. Се над тоа би било премногу за луѓето, па дури и оние најспремните.

Поставувајќи ги своите параметри, научниците одредиле дека во случај на моделот РЦП 8,5 големи подрачја на Блискиот исток, посебно околу Ц рвеното море и персијскиот залив би станале ненаселени.

Освен големата емисија на јаглерод диоксид, научниците даваат уште неколку причини. Регионот природно има многу мала облачност, како и ниска стапка на албеда, термин кој опишува колку сончева светлина се одбива назад во атмосферата.

Во оваа супер жешка иднина, би било многу опасно времето да се минува надвор на отворено.

Авторите на истражувањето велат дека дури и најосновните надворешни активности би биле многу тешко да се реализираат, а собирањето на улиците, масовниот аџилак, би станел многу опасни работи со тешки последици.