Благојче Јакимовиќ, нов претседател на НСДП Куманово

Сподели со своите пријатели

Благојче Јаќимовиќ е нов претседател на Општинската организација на НСДП Куманово.

Loading...

Ваква одлука вчера беше донесена на четвртата општинска изборна конференција која се одржа во Занаетчискиот дом.

Јаќимовиќ моментално ја извршува функцијата советник во Советот на Општина Куманово.

Освен нов претседател, беа избрани и нови членови на Надзорниот и Извршениот одбор.

На конференцијата покрај делегатите, присуствуваше и претседателот на НСДП Тито Петковски, потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија Горан Мисовски, како и министерката без ресор во Владата на Република Среверна Македонија Зорица Апостоловска.

Ново избраните органи ќе раководат со општинската организација во наредните четири години.

Leave a Reply