Бизнисмен нуди милион долари за одговор на оваа прашање: Дали го знаете?

Сподели со своите пријатели

Милијардерот Роберт Бигелоу (75), основач и сопственик на „Бигелоу Аероспејс“, кој го заработил своето богатство за трговија со недвижнини во Лас Вегас, им нуди милион долари на тројца научници кои ќе одговорат само на едно од неговите прашања: Дали постои живот после смртта?

Loading...

Овој бизнисмен отсекогаш бил заинтересиран за „необични појави и настани“, а неодамна го основал „Бигелоу институт за проучување на свеста“ за да истражи што се случува после смртта и дали е можно човечката свест да живее по физичка смрт.

 

 

За да влезат во изборот за наградата, научниците, невролозите и психолозите треба да одговорат на ова прашање со текст што не треба да има повеќе од 25.000 зборови, а конкурсот е отворен до 1 август 2021 година.

Група специјални судии ќе го изберат победникот на 1 ноември. Првото место ќе освои наградата од 500.000 долари, второто 300.000, а третото 200.000 долари.

Интересот на бизнисменот за ова прашање се зголемило откако неговата сопруга Дијана почина во февруари 2020 година.

Loading...

 

 

Сепак, според светските медиуми, бизнисменот се запознал со оваа тема кога неговиот син се самоубил во 1992 година.

Њујорк Тајмс пишува дека Бигелоу не сака да биде убеден во можноста свеста да продолжи да живее и по смртта на телото, бидејќи, како што рече, тој е „лично целосно убеден во тоа“, но сака научен одговор.

Leave a Reply