БИЗАРНА ТРАДИЦИЈА: Ги киднапираат жените и ги присилуваат на брак (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Кидпанирањето на невестите“ и натаму се смета за традиција во некои земји.

Loading...

Во Казахстан и Киргистан оваа традиција и натаму постои и обично ја практикуваат младите за да „невестата не избега“.

Додека некои жени го прифаќаат тоа, се препуштаат на киднаперите и глумат дека се вознемирени,  за да го задоволат идниот сопруг, често се случува обичајот да излезе од контрола.

Некои луѓе овој ритуал го сфаќаат премногу сериозно и тогаш ги киднапираат потенцијалните невести од улица, присилно ги ставаат во возило и ги тераат на „брак на лице место“.

– Јадрото на проблемот со киднапирањето на невестите е насилството, велат оние кои се борат против ваквата традиција.

Иако киднапирањето е кривично дело во Казахстан, поради социјалната стигматизација и притисок, мал број луѓе пријавуваат.

Групите за заштита на човековите права се трудат да имплементираат повеќе ефективни закони, кои би требало да ги едуцираат луѓето дека „Не сакам“ не значи „Сакам“.

https://www.facebook.com/Vocativ/videos/1708347812604799/

Leave a Reply