БИЗАРНА СМРТ: Го убило седиште во кино сала!

Сподели со своите пријатели

Млад човек од Ештон загинал во кино во Бирмингем откако бил притиснат од моторно седиште кога се наведнал да ги зграпчи клучевите и телефонот што му испаднале, додека неговата сопруга со ужас гледала сè.

Loading...

Инцидентот се случил во март 2018 година, а сега кино-синџирот „Ву Синема“ призна кршење на безбедноста, пишува „Дејли меил“.

Атик Рафик (24) со сопругата отишол во кино на 9 март и купил билети за моторизирани места во „златната класа“, за проекцијата на филмот во 16.30 часот. На крајот од филмот, Атик, татко на едно дете, сфатил дека не може да ги најде клучевите и телефонот и помислил дека испаднале од под седиштето, на кое има потпирач за грб и потпирач за нозе што може да се извлекуваат.

 

 

Тој се спуштил под седиштето, но душекот започнал да се спушта врз него. Неговата сопруга, Ајеша Сардар, се обидела да го задржи душекот кога сфатила што се случува.

Ајеша ги алармирала вработените кои се обиделе да го ослободат околу 10-15 минути. Но, нивните очајни обиди биле неуспешни и Атиќ претрпел катастрофални повреди.

Loading...

Брзата помош пристигнала околу 20 часот, а Атик бил пренесен во болницата, каде починал на 16 март поради хипоксично оштетување на мозокот.

Неделната истрага покажа дека на седиштето му недостасува рачка што ќе овозможи рачно да се ослободи.

Судијата на Бирмингем, Ема Браун, рече дека Атик немало да умре „ако седиштето било опремено и одржувано на соодветен начин“.

Ланецот кина „Вуе Ентертејмент“ сега ги призна безбедносните пропусти, пишува „Дејли Меил“.

 

 

– Шокирани сме и тажни од овој трагичен инцидент, изразуваме сочувство до семејството Рафик и нивните пријатели. Внимателно ги слушнавме сите докази и информации, а сега ќе реагираме на наодите од истрагата – изјави портпаролот на компанијата.

Loading...

Ву Ентертејмент ја призна вината за необезбедување на безбедноста на луѓето и не презентирање на проценка на безбедносен ризик помеѓу 1 јануари 2007 година и март 2018 година во врска со употребата на моторизирани места во кината.

Пресудата беше одложена за 20 јули.

Leave a Reply