Бизарна реклама на погребало возило – „Не се вакцинирај” (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Фотографијата од камионот со необичната порака била споделена на Твитер, а потоа се прошири и на други социјални мрежи.

Loading...

На прв поглед изгледа како порака од луѓе кои се против вакцинација, но вистината е сосема поинаква.

Камион на кој пишува „Не се вакцинирај“ бил забележан како кружи по улиците на градот во Северна Каролина. Многу луѓе помислиле дека оваа е уште една реклама на  анти-ваксерите и дека тие изнајмиле билборд во обид да ги убедат луѓето да не се вакцинираат.

 

 

Но сепак, под натписот е напишано со мали букви „Погребна компанија Вилмор“

Ако се обидете да ја истражите оваа погребална компанија , ќе најдете црно-бела страница на која пишува: „Вакцинирај се сега. Ако не, се гледаме наскоро“

Loading...