БИЗАРНА ПРАКСА ВО КИНА: ХИВ главно оружје за наплата на долговите!

Сподели со своите пријатели

Носителите на опасен вирус предизвикуваат страв каде и да се појават, па започнале да се здружуваат во банди за наплата на долгови од се позадолжените бизнисмени.

Лицата заразени со ХИВ во кинеската провинција Хенан се помасовно се организираат во банди, а нивната волест, инаку терет во регионот полн предрасуди, им станало главно оружје за наплата на долгови.

Како пишува гинескиот „ГЛобал тајмс“, Џао Ји е еден од ХИВ позитивните кои в џебот носи извештај за болеста и кога го покажува, луѓето му го исплаќаат сиот износ на пари кои му го должат или кој го собира во нечие име.

Наплатата на долго е еден од неколкуте начини за заработка на ХИВ позитивните во овој дел на Кина. Заработката во фабриките и дуќаните е до 1,5 долари на ден, а Џао добива 38,9 долари за живеење и субвенција од државата од 17 долари, додека девно заработува уште 15 долари.

Кога ќе го покажам медицинскиот извештај се плашат. Вирусот долго време ми беше терет, а потоа почнав да го искористувам – вели тој.

Полицијата, секако, не седи се скрстени раце, па неодамна имало и приведување на група ХИВ позитивни кои се организирале за наплата на долговите.

Ширум Кина, луѓето немаат доволно знаење за ХИВ, па многумина тој вирус го користат како психолошко оружје кое во момент предизвикува страв.

Сите тие на улица излегуваат со своите наоди, а понекогаш се случува со себе да носат игла и шприц како сериозно предупредување.

Наплатата на долгови во последните години е една од главните занимања во Кина затоа што малите и средни претпријатија, за да останат на пазарот, помош бараат од лихварите.