БИЗАРНА КАЗНА: Поради неверство ќе мора да пере лешеви во мртовечница

Сподели со своите пријатели

Судот во Техеран осудил една Иранка поради неверство две години да пере лешеви во мртовечница. Несреќната жена (35) чиј идентитет не се наведува, осудена е и на 74 удари со камшик, додека нејзиниот љубовник е осуден на 99 удари.

Жената во почетокот ги негирала обвинувањата, но набргу, соочена со докази од обвинителството го признала невероството, пренесува Иранската студентска новинска агенција ИСНА. Откако признала, приведен е и мажот со кој го изневерувала сопругот. Судор во Техеран немал милост при изрекување на казните.

Бизарен култ одговорен за најголемите масовни самоубиства: “Рајската порта” и денес регрутира луѓе (фото+видео)

Loading...

Мажот со кој осудената го изневерила сопругот ќе биде протеран во одалечениот дел од земјата. Според законот на Исламска Република Иран, неверството е едно од најтешките кривични дела. Доколку неверството се повтори, жената може да биде осудена и на смртна казна. Претходно погубувањето на прељубниците како по правило се изведувало со каменување, што предизвика остри реакции од западните земји.

Измеѓу 1980 и 2010 година во Иран со каменување биле погубени дури 150 лица. Законот е ублажен во 2012 година од кога неверството не се казнува со смртна казна.