Битката кај Пелинце

Сподели со своите пријатели

По сите успеси што Кумановскиот партизански одред ги постигна во втората половина на 1943 година, угледот на силите на Народно ослободителната борба многу бргу порасна.

Се создаде голема слободна територија, источно од Куманово, па се до бугарската граница. Народот на ослободеното подрачје започна слободно да живее.

Со одењето на окупаторската власт престанаа сите пљачкосувања, разни глоби и давачки со кои народот беше оптоварен.

Пред крајот на 1943 година започнува да се формира народната власт изразена низ горма на народноослободителните одбори во селата Малотино и Жегљане. Своите ослободители народот насекаде топло ги примаше, ги хранеше и снабдуваше со се што располагаше.

Војничките и политичките успеси на силите на НОБ широко одекнаа во околните градови, а особено во Куманово, Скопје, Врање и други места. Исто такви големи успеси постигнаа во обој период и братските српски и косовски партизани, кои против бугарските окупатори се бореа на подрачјето источно од линијата Куманово – Врање.

Партиската организација во Куманово, наспроти големите прогони, апсења и блокади, со успех ја извршуваше својата мобилизаторска улога во градот, прифаќајќи се поголем број младинци што од Куманово се јавуваа за стапување во редовите на НОБ.

Сето ова уште повеќе го подигнуваше борбениот морал и духот на борците од нашите единици.

Додека кумановскиот баталјон „Орце Николов“ кој беше формиран на 01.12.1943 година во селото Пелинце, престојуваше во селото Љаник на Руен, во штабот на баталјонот беа примени известувања ека кон Козјак машрираат три колони бугарска војска. Тоа всушност беше пешадискиот полк од гарнизонот Куманово упатени во следните правци: првата колона од селото Страцин преку Перен и по сртот на Козјак; втората колона од селото Облавце преку Бајловце и Арбанашко кон Козјак и третата колона од селото Челопек преку Жегљане и Малотино требаше да се искачи на Козјак.

Сите три колони имаа задача да го пронајдат баталјонот „Орце Николов“ и да му ја наметнат борбата со цел да го уништат.

Штабот на баталјонот, по заслугата на командантот Христијан Карпош, донесе решение да не се оди на слободна територија на Вториот јужноморавски одред, бидејќи и таму врањскиот бугарски полк презел напад, туку да се остане на теренот и да се изманеврира ударот на овие сили, а потоа баталјонот да се најде во позадината на непријателот.

Сите три колони поминаа преку сртот на Козјак кон север, а нивната задача да го уништат баталјонот, беше удар во воздух.

Не пријафаќајќи ја борбата која непријателот сакаше по секоја цена да ја наметне, баталјонот, откако го изманеврира ударот на непријателските сили, по еден долг марш стигна во селото Равно.

По одморот од два дена баталјонот се префрлува во реонот на селото Пелинце. Во самото разденување, на 9 јануари 1944 година птабот на баталјонот беше известен едка по десната страна на реката Пчиња од село Челопек во правец на село Пелинце маршира колона на Бугарската полиција од околу сто луѓе, без претходница и побочница.

Нашето доаѓање во селото Пелинце непријателот не го забележа, бидејќи воопшто не очекуваше дека сме се задржале на подрачјето јужно од Козјак.

Штабот на Кумановскиот баталјон, знаејќи дека е исклучен нападот на какви и да е сили зад грбот, донесува решени да ја нападне оваа бугарска полициска колона.

За оваа цел на нашите три чети, се изврши следниот распоред:

Кога полицискиот баталјон излезе на една чистина, што од задната страна беше затворена со една стрмнина, третата чета, извршувајќи ја својата задача, отвори оган од едно возвишение и го принуди непријателот да залегне.

Додека од обете страни се отвораше оган, останатите две чети на баталјонот успеаја со брзи продори, да избијат на реката Пчиња. Младинскиот вод од првата чета, на чело со командир на водот Ангел Шајче, успеа бргу да ја прејде надојдената Пчиња и да излезе на северната страна.

Во овој момент, со далечното опфаќање, втората чета на успеа на време да избие на југозападната страна и да го затвори обрачот, оставајќи им со тоа на полицајците коридот за извлекување кон селото Алгуња.

За сето ова време додека од обете страни се отвораше жесток пушчен и пушкомитролески оган, бугарските полицајци кога осетија дека можат да се извлечат на запад, започнаа под борба да бегаат кон Куманово. Но, намерата на непријателот за извлекување ја отежна младинскиот вод и третата чета на баталјонот. Во моментот на многу силна борба пред својот вод загина еден од најпопуларните партизани, командир на младинскиот вод Ангел Лазаревски – Шајче.

Околу пладне од обете страни се отвораше мошне силен оган. Непријателот увидувајќи дека е смртно загрозен, исто така дава силен отпор.

Третата чета, која беше на позиции што го надвисуваа непријателот, се јурна во долината на реката Пчиња, ја прејде реката и во содејство со младинскиот вод успеа да му нанесе загуби на непријателот.

Во печасовна борба кумановскиот баталјон „Орце Николов“ успеа да убие 12 полицајци, а 18 да зароби. Во наши раце падна добар плен – оружје, муниција и друга опрема. Останатиот дел од полициската потерна колона се разбега кон Куманово. Сите полицајци што се извлекоа од обрачот упаднуваа во Куманово кој како стигнал, без опрема и оружје што го фрлаа по патот.

Разбивањето на полицискиот потерен баталјон кај селото Пелинце силно одекна кај народот во Куманово, зашто наместо успех окупаторот доживеа пораз. Овој успех дотолку пошироко одекна и полицијата со голема надменост се фалеле дека ќе ги уништат „шумкарите“ (партизаните) за да се тури ред и крај во овој дел на „царството“.

Борбата кај селото Пелинце, покрај другото, придонесе многу за нараснување и омасовување на кумановскиот баталјон, во чиј состав стапуваа претежно младинци како од Куманово, така и од селата.

Бидејќи до 20 февруари 1944 година кумановскиот баталјот нарасна на преку 200 борци, се донесе решение да се формира и втор баталјон.

Реорганизацијата е извршена во селото Бајловце, каде се одржа и првото партиско советување, на кое се донесоа значајни решенија за натамошната работа и се поставени задачи на комунистите за развиток на оружената борба во кумановскиот кра.

Се додека другарот Темпо се двата баталјона и делот од Главниот штаб на НОВ и ПО за Македонија и дел на ЦК на КПМ, не беше пристигнал на Козјачкиот масив.

Кумановскиот партизнаки одред, односно баталјон, во содејство со братските српски и косовски партизани, во тек на осуммесечни борби и акции, успеа под раководстов на легендарниот командат Капош, од мала група партизани да нарасено во јака војничка сила осздавајќи со тоа потребни услови за развиток на оруженото востание во Источна Македонија.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Пишува: Дане Цеков
„Наш весник“ број пет – понеделник, 1 јануари 1962 година

Leave a Reply