Биле во брак скоро 30 години, а сега мора да ѝ плати за сите домашни обврски што ги извршувала

Сподели со своите пријатели

Највисокиот суд во Португалија му наложил на мажот да ѝ плати на својата поранешна сопруга повеќе од 60.000 евра за домашните работи што ги извршувала за време на скоро 30 години заеднички живот.

Loading...

По случајот од Кина, каде судот нареди маж да ѝ плати илјадници долари на неговата поранешна сопруга како надомест за домашните работи направени за време на 5-годишен брак, сличен е случајот и во Португалија.

Според  „Одити Централ“, судот му наредил на мажот од Португалија да и плати на поранешната сопруга надоместок за домашните работи во износ од 60.782 евра. Двојката била во брак триесет години.

 

 

Пресудата, која следела на 14 јануари, го завршила долгото судење во кое двајца поранешни сопружници се бореле во различни судови во Португалија.

Жената првично побарала обештетување од 290.000 евра за целата работа што ја направила бесплатно за време на нивниот брак, но нејзиното барање било одбиено. По нејзината жалба, судот го уважил нејзиното барање и одредил да и бидат исплатени 60.782 евра.

Loading...

Нејзиниот поранешен сопруг поднел жалба до Врховниот суд, кој ја потврди пресудата на Апелациониот суд.

– Барањето за еднаквост одамна е вродено во идејата за правда, па затоа не е можно да се смета дека извршувањето на целата или голем дел од работата во куќата во која живее невенчана двојка од еден од партнерите одговара на исполнување природна обврска заснована врз должност на правдата.

 

 

Во овој случај, докажано е дека жената се грижела за куќата и подготвувала оброци за нејзиниот партнер во текот на скоро 30 години заеднички живот.

При утврдувањето на вредноста на домашните работи, судот ја усвои националната минимална плата како критериум, ја помножи со 12 месеци и години заеднички живот, а потоа одзеде една третина од износот на сметка на жената.

Leave a Reply