Биле осудени како тинејџери: По грешка невини во затвор минале 36 години

Сподели со своите пријатели

Алфред Частат, Ендру Стјуарт и Ранс Воткинс биле тинејџери кога биле осудени за убиство на момче во Балтимор, Мериленд.

Loading...

Случајот беше отворен минатата година, беа презентирани нови докази и по 36 години затвор, тројцата пријатели конечно беа ослободени.

Се започнало поради јакна.

Јакната, како што тогаш било откриено била мотивот за убиството на 14-годишното момче Даит Дакет во Балтимор и подоцна била користена како доказ против тројцата пријатели. Поточно, ужасната ликвидација се случила во ноември 1983 година додека ученикот се движел кон училиштето Харлем Парк.

Тој бил застрелан во вратот и починал на лице место. Контроверзна јакна со траги од крв и барут била пронајдена во просторијата на Костен. Иако неговата мајка дала потврда дека неодамна ја купила, овие траги станале круцијални докази против тројцата.

Смртта на Даут привлече огромно внимание во медиумите, бидејќи тоа беше првото смртоносно пукање во јавното училиште во Балтимор.

Една година подоцна, тројцата пријатели, кои дошле на училиште на судбоносен ден да ги посетат поранешните наставници и пријатели, биле осудени за убиството на момчето и продолжиле да растат зад решетки. Имале само 16 години.

Сепак, тие никогаш не признале за убиството и тврдеа дека се невини сите овие години.

Loading...

Судијата ги запечати документите за случајот, но Честнат поднел барање минатата година да се отвори во согласност со јавниот интерес. Тој испрати писмо до јавниот правобранител Мерлин Мозби и мистеријата подоцна почна да се отплеткува.

Беа презентирани нови докази. По едногодишен макотрпен процес и децении поминати во затвор, беше откриено дека убиецот бил 18-годишник, според сведочењето на ученик кој тврдел дека го видел убиецот како бега од местото на несреќата и го фрла пиштолот.

Излезе дека вистинскиот убиец починал во 2002 година. Исто така, потврдено е дека сведоците не ги препознале тројцата пријатели на фото-роботите, но дека сведочеле неправилно под принуда.

По новите докази, обвиненијата беа отфрлени, а невиноста на тројца пријатели беше докажана во понеделникот.

„Во име на кривично-правниот систем, господа, се извинувам“, рече судијата на Окружниот суд Чарлс Петерс.

Мозби додаде дека резултатот од сè е „трагедија“, а не „победа“.

– Сите вклучени во случајот, од едукатори, преку полиција, обвинители и поротници, до медиуми и заедница, побрзаа кон пресудата и дозволија да бидат прикриени очигледните докази. Овој случај треба да биде лекција на сите дека потрагата по брзи одговори може да доведе до трагични резултати – рече Шон Амбруст, извршен директор на невладината организација.

Leave a Reply