Била во брак со милионер, кога починал не и оставил ништо

Сподели со своите пријатели

Џоан Томпсон (79) од Пеброкшир во Велс доживеала вистински шок кога дознала дека мажот со кој била во врска повеќе од 40 години, одлучил својот имот да го остави на други луѓе.

Џоан и Винфорд Хоџ биле во врска 42 години, а кога Винфорд починал во 94. година, Џоан се надевала дека ќе наследи, ако не се, барем еден дел од неговото богатство. Винфорд имал имот вреден скоро два милиони евра, но одлучил Џоан да не добие ништо.

Имено, старецот во тестаментот напишал дека неговата партнерка е „финансиски поткована“ и дека неговото богатство не и е потребно, па сиот имот го оставил на парот кој живеел на неговиот имот.

– Последните години беа добри кон мене и заслужија да бидат мои наследници, стои во тестаментот.

Сепак, Џоан и не стоела финансиски толку добро како што мислел нејзиниот сопруг. Имено, старицата имала само 2.500 фунти заштедени пари, што не и биле доволни за живот. Поради тоа судијата одлучил „неправдата“ да ја исправи па и доделил дел од имотот, пишува Дејли мејл.

Џоан на крајот добила 225.000 фунти вредна колиба и 190.000 фунти готовина со кој ќе ги обнови недвижнините кои ги добила, но и достојно да го заврши остатокот од животот.

Leave a Reply