Бил најсилниот човек во светот, но денес не може ни да оди (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Дали вреди човековото здравје за целиот успех што го постигнуваме во животот? Дали вреди да се страда за „пет минути“ слава?

Loading...

Ова се прашања со кои најчесто се соочуваат поранешните спортисти зад кои е успешната кариера, но тие ја поминуваат сегашноста во болка поради неверојатниот напор и труд што требало да го вложат во својата кариера.

Кога станува збор за боди-билдингот, името на Рони Колман Класик (56) е неизбежно. Тој е човекот кој го популаризираше овој спорт и го стави на пиедесталот.

Осум пати е победник на елитното натпреварување „Мистер Олимпија“, кое ги собира најдобрите бодибилдери во светот, и нема списание за вежбање чијашто насловна страница не била украсена со неговото лице.

Некому може да му изгледа малку невкусно кога неколку мажи премачкани со масло за тело тешки 120 килограми се искачуваат на сцената и стискаат и ги покажуваат своите мускули, но тоа е и спорт.

Но, патот до врвот и славата бара многу жртва, а кога станува збор за боди-билдинг, употреба на некои забранети средства. Човечкото тело има граници и понекогаш не може да ги издржи сите овие напори, а тоа на неговата кожа го почувствува легендарниот бодибилдер Колман.

 

Loading...

 

Годините на тренинг го направија своето, па Колман на својот Инстаграм профил откри дека со години се бори со болки во коленото и грбот и дека имал три операции во вредност од два милиони евра за да може да оди, но сè се искомплицирало и бодибилдерот едно време не можел ниту да стои.

– Мислам дека операциите не поминаа како што треба и сè доведе до фактот дека повеќе не можам да стојам на нозе. Мора да разберете дека не ми е лесно, дека секоја операција е многу тешка и дека таа чини околу 500.000 долари. Јас потрошив околу два милиони долари само на последните три операции и на крајот на краиштата сè уште не можам да стојам, но нема да се предадам и ќе продолжам да се борам, со ваша поддршка – напиша Колман на социјалните мрежи.

Од тогаш помина скоро една година, а пред два месеци се појавиле нови проблеми.

Тој почувствувал болка во десниот колк, отишол на рутински преглед, но всушност завршил на нова операција.

– Одиме повторно. Молете се за старецот. Но, овој пат станува збор за помала операција – рече Колман.

За негова среќа, тоа била рутинска операција по што наскоро бил пуштен од болницата. Но, бодибилдинг легендата и човекот кој го отстрани големиот Арнолд Шварценегер од вечната листа, живее во болка секој ден.

Неговите борби со повредите започнале пред неколку години кога имал дури седум операции на грбот. Потоа научил да оди повторно.

Loading...

 

 

– Дали сакате сепак да бидете како мене, да имате иста работна етика како и јас? Па, како што можете да видите, јас сум осумкратен Mr. Olympia кој не знае да оди – се пожали големиот Колман пред медиумите во тоа време.

И денес тој има големи проблеми со одењето, и сè отишло во толкава мера што понекогаш тој дури и не може да застане на нозе, па мора да користи инвалидска количка.

Тој, исто така, работел како полицаец за време на неговата кариера во боди-билдинг и вели дека ништо не би променил ако се роди повторно.

Leave a Reply