Бил Гејтс: Вакцината за коронавирус да оди каде е најпотребно, а не каде најмногу ќе платат

Сподели со своите пријатели

Идната вакцина против КОВИД-19 треба да биде достапна таму каде што е најпотребно, а не само во земјите што можат да платат најмногу за неа, истакна милијардерот и филантроп Бил Гејтс.

Loading...

Тој рече дека на светот им се потребни лидери способни да донесат тешки и одговорни одлуки за прашањата за дистрибуција, кои мора да се потпираат на праведност отколку на пазарот.

Што би направил Бил Гејтс кога би живеел со два долари на ден?!

Владите и приватните лица досега инвестирале милијарди долари во стотици проекти ширум светот за да развијат вакцина против коронавирусот.

Сепак, постои загриженост дека побогатите земји би можеле да ги остават сиромашните со празни раце.

„Ако им се дадат лекови и вакцини на оние кои плаќаат најмногу, отколку на оние на кои им е најпотребно, ќе имаме подолга, неправедна и смртоносна пандемија“, рече Гејтс.

Leave a Reply