БИЛ ГЕЈТС: Со Биткоин можете да се играте само ако имате многу пари

Сподели со своите пријатели

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, не инвестираше во биткоин, бидејќи, како што тврди, претпочита да вложува пари во компании кои произведуваат некои производи.

Loading...

Гејтс го изјави тоа за време на разговорот во живо на социјалната мрежа „Клубхаус“, и објасни дека повеќе би сакал да инвестира во компании „кои прават специфичен производ“, наведувајќи ги вакцините против маларија и сипаници како пример, објави Би-Би-Си.

Милјардерот рече дека не ги избрал своите инвестиции врз основа на тоа дали за другите ќе вреди повеќе.

Во претходното интервју, тој зборуваше за ентузијазмот на основачот на Тесла, Илона Маска, за виртуелната валута.

– Мојата општа мисла би била дека ако имате помалку пари од Илон, веројатно треба да бидете претпазливи. Илон има тони пари и е многу софистициран, затоа не се грижам дека неговиот Биткоин некако случајно ќе оди нагоре или надолу – рече Гејтс за агенцијата Блумберг.

Имено, вредноста на биткоинот скокна за скоро 50 проценти откако компанијата „Тесла“ откри дека купила 1,5 милијарди долари валута и планирала да ја прифати како плаќање, но подоцна вредноста падна за 20 проценти.

Гејтс претходно истакна дека е скептичен во врска со инвестициите во крипто-валути и тој став очигледно не се променил.

Исто така, американската министерка за финансии, Џенет Јелен, ја опиша валутата како „исклучително неефикасен начин за вршење трансакции“.

Loading...

Leave a Reply