Биди горд Македонец: 10 ”топ” факти за Македонија (видео)

Сподели со своите пријатели

Иако пораснав до семејство по потекло од Македонија, јас не знам многу за таа држава, вели Стефан во воведот на своето видео посветено на република која по распаѓањето на СФРЈ, како што вели тој, била единствена држава која се одделила по мирен пат.

Стефан, инаку момче од Америка кој ги истражува европските држави, за Македонија вели дека секој оној кој доаѓа од таа држава, треба да биде горд, затоа што Македонија крие интересни факти кои ја прават да биде единствена во светот.

Loading...

Во набројувањето, Стефан потсеќа на фактите за Охридското езеро, за мегалитската опсерваторија Кокино, фактот што Мајка Тереза е родена во Скопје, вискоите планински врвови, македонскиот денар, тоа што во ООН сè уште се водиме како ФИРОМ, па сè до фактот што во Македонија се произведува најдобриот опиум во светот.

Иако е свесен дека некои места не ги изговара најдобро, Стефан според своите истражувања знае многу повеќе за Македонија од многу Македонци кои живеат тука.

Да се надеваме дека Грците нема да ни се налутат на тоа што Стефан во своето видео тврди дека во Македонија е роден Александар Македонски.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *