БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Ова се петте најголеми ризици за дијабетес тип 2

Сподели со своите пријатели

Дијабетес тип 2 влијае на сe повеќе луѓе, и многумина за жал не знаат кои се раните знаци или факторите на ризик што придонесуваат за него.

Loading...

Дијабетес тип 2 се јавува кога клетките на телото не можат правилно да ја користат гликозата бидејќи се отпорни на инсулин или панкреасот не произведува доволно инсулин колку што му е потребно на телото.

Дијабетес тип 1 се јавува кога клетките што произведуваат инсулин во панкреасот се уништени од имунолошкиот систем на телото.

 

 

Кој се разболува најчесто?

Дијабетес тип 2 најчесто ги погодува луѓето на возраст над 40 години, иако сe повеќе млади луѓе ја добиваат болеста, па дури и зголемен број деца. Истражувањата сугерираат дека дијабетесот тип 2 може да се спречи или одложи со свесност за факторите на ризик и промени во животниот стил.

Loading...

Фармацевтот Бринли Хоскинг вели дека иако постојат фактори што не можеме да ги смениме (како семејна историја и стареење), постојат голем број начини на кои можеме да дејствуваме за да ја намалиме шансата за заболување.

 

 

„На пример, откажување од пушење, јадење овошје и зеленчук секој ден, најмалку 30 минути физичка активност најмалку пет дена во неделата“. Ова се петте основни ризици за развој на дијабетес тип 2.

Дебелината

Масното ткиво може да ги направи вашите телесни клетки поотпорни на инсулин и, колку подолго сте дебели, толку е поголема шансата за развој на оваа болест. Редовното консумирање на масна храна, големи количини шеќер и сол и недостаток на влакна во исхраната може да придонесе за оваа состојба, како и недостаток на физичка активност.

 

Loading...

 

Висок крвен притисок и лош холестерол

Едно американско истражување го поврза високиот крвен притисок со поголем ризик за дијабетес тип 2 поради некои процеси кои предизвикуваат и двете состојби, како што се воспалителни процеси. Покрај тоа, ако имате ниско ниво на добар холестерол, ризикот за дијабетес тип 2 е уште поголем. Причината е акумулација на масна плакета во артериите.

Пушење и консумирање алкохол

Ризикот од добивање дијабетес е 30 до 40 проценти поголем кај активните пушачи отколку кај непушачите. Високото ниво на никотин во крвта го намалува ефектот на инсулин. Алкохолот е опасен затоа што придонесува за зголемување на телесната тежина. За луѓето кои веќе имаат дијабетес, може значително да го подигне или значително да го намали нивото на гликоза.

 

Loading...

 

Семејна историја и предиспозиција за дијабетес

Ризикот да се разболите се зголемува ако се разболи некој од вашите родители или брат или сестра.

Етничка позадина

Луѓето кои живеат во јужна Европа и се постари од 35 години се повеќе склони кон оваа болест отколку другите Европејци. Ова може да се должи на неколку фактори, особено на диета специфична за одредена област, но културата и начинот на живот се исто така важни.

 

Loading...