БИБЛ: КК Куманово го пречекува Ибар Розаје

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва со почеток во 19 часот на домашен терен, во Спортската сала во Куманово ќе го одиграат натпреварот од второто коло од БИБЛ лигата против составот на Ибар Розаје од Црна Гора.

Избраниците на Игор Михајловски, го загубија првиот натпревар, кој го одиграа на гостински терен против екипата на бугарскиот Левски со резултат 73:77.