БиБиСи: Експлозии во близина на Киев, руските сили апсат во Запорожје и Херсон

Сподели со своите пријатели

Утрово повторно одекнаа експлозии во близина на Киев, јавува Би-Би-Си и ја пренесува најавата на украинската армија дека руските сили вршат апсења во Запорожје на југоистокот на Украина и Херсон на југ.

Loading...

Денот повторно започна со сирени за воздушен напад, по што следеа силни удари од периферијата на градот, јави дописникот на Би-Би-Си.

 

Пентагон предупредува на можна нова руска воена офанзива во Украина

 

Не се знае дали се работи за руски или украински дејствија, ниту дали се работи за акции на двете страни.

Русија вчера објави дека има намера да го намали обемот на операции во близина на главниот град на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

 

Loading...

Си-Ен-Ен објави шокантно видео од Ирпин, телата се на улица

 

Украинските вооружени сили утринава објавија дека руските војници продолжуваат да распоредуваат сили во Украина и дека продолжуваат да ги напаѓаат домовите на локалното население, апсејќи проукраински активисти и владини претставници.