Би-Би-Си: Украинските трупи вратија дополнителни територии

Сподели со своите пријатели

Украинските трупи вратија дополнителна територија во областите илегално припоени од Русија, а силите на Киев напредуваат во близина на јужниот град Херсон и ја консолидираат повратената територија на исток, јавува денеска Би-би-си.

Loading...

Проруските власти во Херсон го потврдија напредувањето на украинските сили, но рекоа дека руските сили се засилуваат.

На исток, украинските сили напредуваа во областа Луганск под контрола на Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање рече дека има нови ослободени населби во неколку области.

Зеленски рече дека „жестоките борби продолжиле во неколку области“, но не наведе детали.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Напредокот во украинската контраофанзива се чува во тајност, а новинарите главно се држат подалеку од првите редови.

Сепак, на југот на Херсонската област Владимир Салдо, назначен од Русија, призна дека украинските сили пробиле во близина на Дудчани, град на реките Днепар на околу 30 километри јужно од поранешната линија на фронтот.

Напредувањето на Украина на исток и југ се случува во време кога Русија ја официјализира анексијата на украинските области, пренесува агенцијата АП.

Loading...

Горниот дом на рускиот парламент денеска ги ратификуваше договорите со кои кон Русија се припојуваат источните региони Доњецк и Луганск и јужните региони Херсон и Запорожје.

Како што пренесува агенцијата АП, денеска по повлекувањето на руските сили на улиците на клучниот украински град Лиман се видени тела на руски војници како лежат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Руските војници се повлекоа од Лиман во текот на викендот за да избегнат да бидат опколени од украинските сили. Ослободувањето на тој град и даде на Украина клучно место да ја продолжи својата офанзива подлабоко на територијата под контрола на Русија, наведува АП.

Руските сили денеска извршија дополнителни ракетни напади врз украинските градови додека украинските сили ја продолжија својата контраофанзива на исток и југ.

Неколку ракети го погодија вториот по големина град во Украина, Харков, оштетувајќи ја инфраструктурата и предизвикаа прекини на електричната енергија.

Гувернерот на Харков, Олех Сињегубов изјави дека едно лице е убиено, а најмалку две други, меѓу кои и едно деветгодишно девојче, се ранети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина

На југ, четворица цивили беа ранети кога руски ракети го погодија градот Никопол.

Откако ја вратија контролата врз Лиман во регионот на Доњецк, украинските сили продолжија да напредуваат кон исток и можеби стигнаа до границата со соседниот регион Луганск додека напредуваат кон Кремина, соопшти во својата најнова анализа Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.