Бездомник примиле во болница, а неговите другари цела ноќ чекале пред вратата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Болничкиот персонал често има многу стресни ситуации. Спасувањето животи, но и неуспевањето во тоа се секојдневни. Со таква професија, ситуациите како онаа која и се случила на бразилската медицнска сестра Крис Мамприм се многу драгоцени.

Loading...

Во регионот на болницата Алто Вале, во јужната бразилска држава Санта Катарина, дошол бездоминкот Цезар за да добие потребно лекување за болеста со која се бори.

И покрај тоа што забележала дека Цезар е во тешка состојба, Крис се уверила дека поддршката не му недостасува.

Група од четири кучиња стоела на вратата од болницата, трпеливо чекајќи го Цезар со загрижени лица.

Крис потоа дознала дека за нив се грижел Цезар, кој често на спиење одел гладен за да ги нахрани нив.

– Сите се нахранети и добро чувани. Гледајќи ги како трпеливо чекаат пред вратите ни покажуваат колку го сакаат, рекла Крис за сајтот Додо.

Loading...

Кога Цезар оздравел, Крис на кратко ги пуштила неговите пријатели да го видат и му понудила храна.

– Малку изеде, а останатото го задржа за да им го даде подоцна на кучињата, рекла Крис.

Leave a Reply