Безбедносен пропуст на компанијата Нинтендо откри тајна од 90-те (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Пропуст на компанијата Нинтендо овозможи голем број на внатрешни документи поврзани со проектите на компанијата да излезат во јавноста и да откријат серија невидени детали преку т.н. „Gigaleak“.

Loading...

Информациите што „ликерите“ ги пронашле меѓу досиејата се екстремно различни, и откриваат некои од откажаните проекти на оваа јапонска компанија, разни прототипи, како и детали за култни игри за кои не знаевме до сега.

Во овој случај, пишуваме за играта Super Mario 64, која се појави за Nintendo 64 конзолата во 1996 година и воведе револуција во сериите Super Mario, но и во видео игрите воопшто, со тродимензионален гејм-плеј.

„Gigaleak“ откри голем број документи и записи поврзани со развојот на Супер Марио 64, од кои едниот ги документира датумите за почеток и крај на процесот на развој.

Благодарение на документот, се дознава дека развојот на овој наслов започнал на 7 септември 1994. година и завршил на 20 мај 1996. година, што значи дека процесот на создавање на играта траел 622 дена, или околу 20 месеци.

Исто така, меѓу протечените датотеки на играта, беше откриено работното име на играта – Ultra Mario 64. Сепак, од тоа име се откажале, а нешто друго што не се нашло во финалната верзија е Луиџи, кој требало да биде вториот игран лик, наведува play.co.rs.

Овие детали доаѓаат еден месец откако имавме можност да играме римејк во 4K за Супер Марио 64.

 

Loading...

Leave a Reply