Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска се без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода денеска привремено ќе останат корисниците од улиците „Никшиќка“ бр. 3/2, „Х.Т. Карпош“ бр. 55 и улицата „6“ во населбата Јане Сандански.

Во меѓувреме во населбата Средорек ќе биде вршено испитување на водоводна мрежа со опрема за лоцирање на дефекти на водоводна мрежа.

Дефект има и на потисен водоводен вод за висока зона Ф315 во село Проевце.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Нема менување историја, виткање кичма и обезличување на македонскиот народ