Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради интервенции или дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има кај корисниците од улиците „Народна Револуција“, улица „143“ во населбата Карпош, улица „9“ во населбата „Јане Сандански“, улица „528“ бр. 5 во населбата Ајдучка чешма,  м.в. Амбар маало, како и селото Тромеѓа.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Посакувам денеска да победи демократијата и пред се Македонија (ВИДЕО)