Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска привремено се без вода поради дефекти во водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода во текот на денешниот ден ќе бидат Центар за култура „Трајко Прокопиев”, како и улиците „6 Април“, „Боро Соколов“ и „Народна Револуција“ бр.163 и околни објекти.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски