Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Поради дефект на дистрибутивната мрежа, без вода во текот на денешниот ден се неколку локации во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабдувањето има за улиците „11 Ноември“ (од бр.1 до бр.48) „Братство и Единство“, населбата Железничка Станица, како и улиците „Трајко Прокопиев“, „Страшко Симонов“ и „Правда Спасовска“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply