Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации низ Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти на дистрибутивната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода се улици „11 Ноември“ (од ул. „Индустриска“ до нова фабрика на ФЗЦ), „11 Ноември“ – сектор „Бинго Башкими“, улица „Миодраг Петровиќ“, „Стојан Сликар“, „Димитар Влахов“, „Пере Тошев“, како и месноста Гладно Поле во населбата Перо Чичо.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply