Без вода десет локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Десет локации во Куманово денеска се без вода поради дефекти во водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за следните улици: „Никшиќка“, „Благој Илиев Гуне“ (круг на поранешна фабрика „Киро Фетак“), „Ѓуро Пуцар Стари“ бр. 64 и околни објекти, булеварот „Октомвриска Револуција“ (сектор „Стокомак“), улицата „11 Ноември “, м.в. Палестина во населбата Долно Којнаре, м.в. Стари лозја, улиците „Никола Вапцаров“ и „Веселин Вуевски“ и булеварот „Трета МУБ“ бр.114.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на остранување на дефектите.

Никола Ивановски