Без вода денеска повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Поради дефекти на дистрибутивната мрежа, во текот на денешниот ден без вода ќе бидат жители на повеќе населени места низ Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабдувањето ќе има на улиците „Драги Шутевски“, „Киро Фетак“, „Трајко Јовановски“, улиците „436“ и „423“ во населбата Јане Сандански, како и дел од улицата „Никола Тесла“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply