Без вода четири локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири локации во Куманово денеска ќе бидат без вода поради дефекти во водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улицата „Б.Б.Гуцман“ од бр. 65 до бр.71, улица „Киро Фетак“ и „Ѓорче Петров“ бр.12, како и населбата Јане Сандански.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply