Без струја утре во кумановско овие локации

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во текот на утрешниот ден ќе бидат привремено без електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето со електрична енергија, во период од 09:00 до 09:30 часот ќе имаат корисниците од улицата „Индустриска“, Касарната „Боро Менков“, „Електро Метал“, Бензинска пумпа  „Лукоил“, Бензинска пумпа „Трго Тим“, „Кока“ , Здружение на возачи, Железничка Станица Куманово, Жито Мел – силоси, Југо Сировина викендици, Ибе Пали Куќа и Черкезе.

Прекини во период од 09:00 до 12:00 часот ќе има во село Черкезе.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.

Никола Ивановски