Без потреба нашинците да не се враќаат од странство, апелираше Пендаровски

Сподели со своите пријатели

Апел до македонските државјани кои моментално се во земјите со визок или среден ризик од коронавирусот, да не се враќаат во земјава, упати претседателот на државата Стево Пендаровски.

Loading...

Тие имаат право, појаснува тој, но апелира да се избегне патување, со оглед дека може да дојде до ненамерно пренесување на болеста Ковид-19 и некој од нив да ја донесе во земјава.

Во името на Советот за национална безбедност тој упати апел до сите грѓани да се придржуваат до мерките на Владата и надлежните институции.

Инаку, Советот донесе одлука дека засега нема потреба од прогласување вонредна или кризна состојба и истото нема да го препорачаат до Владата, но остануваат да ја следат состојбата 24/7 и доколку дојде до влошување на ситуацијата ќе издадат таква препорака.

Никола Ивановски

Leave a Reply