Без мигранти, населението на Австрија би се намалило

Сподели со своите пријатели

Населението на Австрија расте исклучиво благодарение на имиграцијата, бидејќи без имигранти до 2080 година бројот на жители би паднал на нивото од 1950-тите, според австрискиот завод за статистика.

Loading...

Од 2020 година, односот наталитет-морталитет е негативен, додека просечната возраст на локалното население се зголемува. Ова врши зголемен притисок врз пензискиот систем.

– Во средината на 2050-тите, Австрија ќе ја пробие бројката од 10 милиони жители, а очекуваме натамошен раст на населението до 2080 година на 10,5 милиони – изјави генералниот директор на Заводот за статистика, Тобијас Томас.

Тој подвлече дека овој раст ќе се случи исклучиво благодарение на мигрантите. Според него, доколку нема имиграција, Австрија до 2080 година би имала 6,7 милиони жители.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јамајка ја призна државата Палестина

Инаку, во 1951 година во Австрија имало 6,9 милиони жители, а денес веќе има девет милиони.

Оваа година, вели тој, Австрија бележи голем пораст на бројот на жители благодарение на бегалците од Украина.

Во првите два квартали од годинава во Австрија емигрирале 90.075 лица, од кои околу 64.500 дошле од Украина.

Според прогнозата на Заводот за статистика, Виена ќе има најголем пораст на населението.

Loading...

До 2040 година, населението на Виена ќе порасне за 14,2 отсто, а до 2080 година за 34,3 отсто во споредба со 2021 година. За само две години Виена ќе има повеќе од два милиони жители.

Во исто време, населението во Австрија старее, а во моментов просечниот животен век на мажите е 78,9 години, а на жените 83,7 години. Од 1951 година, очекуваниот животен век на граѓаните е зголемен за 16,5 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза

Моментално исто толку пензионери и деца до 20 години живеат во Австрија. До 2080 година, уделот на лицата над 65 години ќе се зголеми на 26,6 отсто, а на оние под 19 години ќе падне на 20 отсто.

Овој тренд ќе претставува проблем за австрискиот пензиски систем.