20.04.2015 13:45

Бесплатна храна, сместување и работа за оние кои се спремни да живеат во градот на духови


Се бараат волонтери кои ќе работат во напоштениот рудник за злато со морничава историја.

Гарнет беше напуштен речиси сто години. Малиот бастион во Монтана во 1860 година го населилле рударите за злато и сребро, меѓутоа кога тој беше уништен од пожар во 1912 година набргу сите го напуштија по несреќата.

loading...

Денеска градот е обновен, но сепак останува пуст, а урбаните легенди велат дека е прогонуван од духовите на старите жители.

Сега америчката Канцеларија за управување со земјиштето понудува бесплатна храна, сместување и работа за луѓето кои се спремни да живеат во Гарнет и да работат како туристички водичи, дека во иднина власта сака селото да го претвори во туристичка атракција.

garnet2

Кога огласите за работа беа објавени во локалната штампа, никој не ни можеше да замисли каква ќе биде реакцијата во јавноста. Откако целата приказна стана јавна, споделена е 32.000 пати на Фејсбук, а Канцеларијата за управување со земјиштето беше потрупана со повици и мејлови. Интересно е тоа што за оваа прилика се јавиле повеќе луѓе од светот отколку од локалното население. Кандидати вртеа од Кина, Германија па дури и од Јужноафриканската република.

Портпаролката на Канцеларија изјавила дека сега пријавите се затворени поради големиот број на пријавени, но не рече дали позициите се пополнети. Дали работните позиции ќе бидат пополнети не е јасно, но ако се верува на Елен Баумлер, екрперт за натприродни пишувања на таа тема, духовите сеуште не го напуштиле Гарнет, својот град.

“Доцна во ноќта, духовите од Гарнет излегуваат да уживаат на месечината. Понекогаш може и да се слушне пијано од Келиев салон бидејќи таму духовите играат и уживаат во музиката, но во моментот кога жив човек ќе ја пипне зградата целиот звук престанува”, напишала Баумлер.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments