Бербок: Референдумите во Украина се спротивност на слободните и фер избори

Сподели со своите пријатели

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок изјави дека лажните референдуми, кои се одржаа во делови на Украина, се спротивни на слободните и фер избори.

Loading...

Таа тврди дека на тие референдуми граѓаните од становите и работните места биле наведувани да гласаат под закана со пиштол.

„Тоа е спротивно на слободните и фер избори“, нагласи Бурбок.

„Се додека има руски диктат во окупираните региони, граѓаните таму не се ниту слободни ниту безбедни“, рече Бербок.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена е уапсена на Крим под сомнение дека подготвувала терористички напад