Бербок: Путин сака да ја уништи Украина

Сподели со своите пријатели

Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека Европската унија направила се за да ја запре војната во Украина, но дека рускиот претседател Владимир Путин нема ништо на ум освен да ја уништи соседната земја.

Loading...

Како што јави Ројтерс, таа го изјави ова на конференција во португалскиот главен град Лисабон.

Бербок додаде дека ставот на Путин е причината зошто „важно е да се продолжи со испораката на оружје за Украина да може да се брани и да ги заштити животите на својот народ“.

Таа посочи дека Германија бара дополнителни начини да и помогне на Украина, како и дека секое намалување на решителноста на Европа по ова прашање ќе и послужи на Москва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Место каде времето застанало: Советски град на Северниот пол стана магнет за туристи (ФОТО)