Бербок: Неприфатливо е испраќањето српски сили на Косово

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок оцени дека испраќањето српски сили на Косово, како и последните напади врз припадниците на мисијата ЕУЛЕКС на Косово се „целосно неприфатливи“.

Loading...

Бербок ја изрази својата поддршка за дијалогот предводен од ЕУ, предводен од специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

Таа тврди и дека Приштина со одложувањето на локалните избори ги смирила тензиите, додека Белград го прави спротивното со „неодамнешната реторика“.

„Косово со одложувањето на локалните избори ги намали тензиите. Неодамнешната реторика од Србија го направи спротивното. Предлогот за испраќање српски сили на Косово е целосно неприфатлив. Како и последните напади врз ЕУЛЕКС. Целата моја поддршка оди на дијалогот што го води ЕУ“, напиша Бербок на Твитер.

Српскиот претседател Алекдандар Вучиќ во саботата изјави дека е договорен текст со кој, во согласност со резолуцијата 1244, Србија ќе испрати барање до КФОР да обезбеди распоредување на српската војска и полиција на Косово, додавајќи дека нема илузии дека ова барањето ќе биде прифатено.