Бени Ганц доби мандат да ја состави новата влада по неуспехот на Нетанјаху

Сподели со своите пријатели

Израелскиот претседател Рувен Ривлин најави дека го задолжува лидерот на партијата Сино и бело (Кахол Лаван) Бени Ганц за формирањето на новата владејачка коалиција, откако израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху не успеа.

Loading...

Ова е прв пат во повеќе од една деценија да му се даде мандат на владата на некој друг освен Нетанјаху, лидерот на конзервативниот Ликуд, кој рече во понеделникот дека не успеал да формира влада, јавуваат израелските медиуми.

„Сега има потреба од влада за национално единство“, рече Ривлин, додавајќи дека се надева оти сите страни ќе ги направат потребните компромиси за да се случи тоа.

Ганц, поранешен началник на Генералштабот, рече дека е почестен со задачата и има намера да го исполни ветувањето за формирање влада за либерално единство.

„Ќе ги повикам сите партии застапени во Кнесет, дури и на оние кои нема да бидат во владата. Прво ќе му пристапам на Ликуд и неговиот лидер Нетанјаху и ќе му понудам да биде дел од таа влада”, рече Ганц, кој се смета дека би имал волја да седне во влада со Нетанјаху како министер.

Тој претходно се состана со тројца членови на неговата алијанса, двајца поранешни команданти на израелската армија, Моша Хаалон и Габи Ашкенази и поранешниот министер за финансии Јаир Лапид за да формираат позиција пред средбата со Ривлин.

Како и неговиот ривал Нетанјаху, на Ганц му недостасува и поддршката на мнозинството од 120 пратеници во парламентот, Кнесет, за формирање влада.

Поддржан е од 54 пратеници, вклучително и 10 Арапи кои немаат намера да влезат во владејачката коалиција.

Loading...

Нетанјаху го поддржа еден пратеник повеќе од десничарските и верските партии.

Ганк, 60-годишен новодојденец во израелската политика, се очекува да се соочи со истите тешкотии како Нетанјаху во длабоко поделена земја.

Тој ќе има 28 дена, како и Нетанјаху, да се обиде да формира нова влада, а доколку не успее, претседателот Ривлин ќе побара од парламентот да предложи кандидат за формирање влада, а само ако не успее, ќе се одржат трети избори по ред во Израел за помалку од една година.

Нетанјаху ја водеше Владата на Израел повеќе од една деценија.

По изборите во април, први од оваа година, тој не успеа да формира коалиција. Во тоа време, мандатот за формирање на влада не му беше даден на Ганц, чија партија освои ист број пратенички места, 35 како Ликуд на Нетанџу, но парламентот беше распуштен и беа распишани нови избори.

Сепак, скоро еден месец откако беше реизбран, 70-годишниот Нетанјаху го врати кај претседателот.

Сепак, и покрај тоа што му се заканува обвинение за корупција, според Франс прес, тој не се откажува од борбата за политички опстанок. Дури и пред состанокот помеѓу Ривлин и Ганк, беше објавено дека преговарачките тимови на „Ликуд“ на сојузите на „Сино-белите“ партии утре ќе се состанат за да преговараат за владата.

Заедно, тие имаат солидно мнозинство од 65 пратеници.

Loading...

Leave a Reply