Белгија: Возачите кои користат мобилни телефони додека возаат ќе останат без возачка дозвола

Сподели со своите пријатели

Во Белгија нема шеги, проблемот со мобилните телефони тамошните законодавци го сфатија сериозно. Тоа е, крајно сериозно. Во некои делови од земјава е воведено правило за казни до 4.000 евра и земање на возачка дозвола до пет години доколку се користи мобилен телефон. Забрането е и избор на рути на навигацијата додека возите.

Loading...

Така, белгиската полиција евидентирала 2387 прекршоци, а 503 дозволи биле одземени во најновата акција, пишува ХАК Преглед.

48 часа полицијата спроведуваше контролни акции низ цела Белгија. Целта беше да се бори против одвлекувањето на вниманието од возењето, феномен за кој се верува дека е причина за четвртина од сообраќајните несреќи во Белгија.

Евидентирани се вкупно 2.387 прекршоци. Од нив 2331 се однесуваат на употреба на мобилни телефони при возење, а 114 на други форми на одвлекување внимание. Во некои општини обвинителството нареди итно одземање на дозволите за вкупно 503 возачи.