БЕЛА КУЌА: Не дадовме зелено светло Русија да ја нападне Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден, кога зборуваше за наводниот руски „ситен упад“ во Украина, не и даде „зелено светло“ на Москва да го стори тоа, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Loading...

Запрашан од Си-Ен-Ен дали изјавите на Бајден на прес-конференцијата во средата значеа дека САД ѝ даваат „зелено светло“ на Русија да направи „ситен упад“ во Украина, Псаки рече:

– Апсолутно не ни беше тоа намерата, а не е пораката што претседателот му ја испрати на претседателот Путин – наведе таа во својот одговор, а пренесува руската агенција ТАС.

Според неа, украинското раководство ги знае позициите на американскиот претседател.

– Ако Русите влезат во Украина, ако воено влезат во Украина, ќе има тешки последици – рече Псаки.

Бајден во средата рече дека рускиот „мал упад“ во Украина може да предизвика повоздржана реакција од Соединетите Американски Држави и нивните сојузници отколку целосна инвазија.

По оваа изјава, Белата куќа излезе со посебно соопштение во кое се наведува дека САД ќе го сметаат за инвазија секое преминување на украинската граница од страна на руските војници.