Бела куќа: Бајден со задоволство ќе соработува со победникот на изборите во Турција

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден со задоволство ќе работи со кој и да победи на изборите во Турција, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

Loading...

– Му честитаме на турскиот народ што ја изрази својата волја на избирачките места на мирен начин – рече Кирби на онлајн брифингот, пренесува Ројтерс.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во саботата дека американскиот претседател „наредил Ердоган да биде соборен“ на претседателските избори во Турција.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент претходно објави дека Турција е долгогодишен сојузник на САД и дека Вашингтон внимателно ќе ги следи изборите, додавајќи дека „САД нема да заземат страна на изборите“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

Вториот круг од претседателските избори во Турција ќе се одржи во недела на 28 мај, бидејќи ниту еден од кандидатите во првиот круг не доби повеќе од 50 отсто од гласовите, објави во понеделник претседателот на турската изборна комисија, Ахмет Јенер.

Како што јави турската телевизија ТРТ, според прелиминарните резултати од првиот круг од изборите одржан во неделата, актуелниот шеф на државата Ердоган освоил 49,51 отсто, а неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 44,8 отсто од гласовите, додека Синан Оган освоил 5,17 отсто од гласовите.

Ердоган е уверен во победата

Турскиот претседател изјави дека е уверен во својата победа во вториот круг од претседателските избори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

„Ќе победиме на изборите на 28 мај, зголемувајќи го процентот на гласови добиени на изборите на 14 мај. Ако даде Господ, ќе извојуваме историска победа“, напиша Ердоган на Твитер.

Loading...