Бегалскиот камп на Табановце доби електрична енергија и 20 нови клупи

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика спроведе низа градежни инфраструктурни активности и активности од редновно фунцкионирање и одржување на бегалскиот камп на Табановце.

­Поставена е мрежа со која е заграден дел од патот, покрај пругата, кој води до транзитниот центар со цел заштита на мигрантите кои доаѓаат со автобус или такси да не преминуваат преку пругата туку да се насочат да одат по патот, стои во извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи.

Транзитниот центар е поврзан на трафа за снабдување со електрична енергија. Останат е мал дел од транзитниот центар кој во моментот не е приклучен, а планирано е истиот да се приклучи во понеделник, додека во третиот шатор се донесени и 20 нови клупи.

Што се однесува до спроведените активности за редовно функционирање и одржување (струја, чистење, поправки, итн), министерството извршило празнење на септичката јама дури четири пати, а кампот бил исчистен од страна на  вработените задолжени за хигиена и чистење,со помош на вработените во „Еко клуб“.

Во изминатите 24 часа од страна на разни невладини организации поделени се голем број на пакети со храна и вода.