Бегалец од ТЦ Табановце завршил на лекување во скопскиот Клинички центар

Сподели со своите пријатели

Едно лице бегалец од Транзитниот центар Табановце во текот на вчерашниот ден завшрило на лекување во Клинички центар – Скопје, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Истиот заедно со уште седум други лица биле пренесени на преглед во кумановската Општа болница, каде им биле извршени лекарски прегледи и дадена соодветна медицинска интервенција. Сеумтте лица биле вратени назад во кампот по укажаната помош, а едно од нив било пратено во скопскиот Клинички центар.

Според информациите завршно со вчерашниот ден во кампот на Табановце имало 1.027 лица, додека на граничниот камен нема бегалци.